Македонија вечерва игра со Чешка за бараж за Светско првенство во ракомет
Македонската ракометна репрезентација вечерва гостува кај Чешка во првиот меч од пресметката за пласман на Светското првенство 2023.
Селекторот Кирил Лазаров верува дека со максимална ангажираност негова и на неговите избраници може да се дојде до добар резултат пред реваншот во Скопје.
Лазаров кој ќе ја има и улогата на капитен на теренот, смета дека Чешка е посилна од претходниот ривал Романија.
– Ако треба да ја споредам Чешка со Романија, можам да кажам дека 15 до 20 отсто се работи за повоиграна репрезентација, иако не треба да се занемари квалитетот на Романците. Нема да нѐ плаши тоа, имаме јасна идеја, можеби ќе ѝ ја препуштиме фаворитската улога, меѓутоа ние сакаме Светско првенство и спремни сме да го дадеме нашиот максимум да дојдеме таму. Мислам дека многу ќе ни значи уште еден настап на Светско првенство со оваа нова генерација. Спремни сме за предизвикот – рече Лазаров.
Натпреварот ќе се игра во Злин со почеток во 20 часот и 15 минути, реваншот е в недела во Скопје (19 часот).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху на гости во Белата куќа на…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го угости…
(Видео) Митовски: Крива Паланка аплицираше со четири…
Сѐ уште нема одговор од Владата за…
Пожар во галијата на Вардар кај „Холидеј…
Пожар избувна вечерва во галијата на Вардар…
Митовски: Историски најлош извештај за Македонија од…
Ова е најлош извештај на ЕУ за…
Шекеринска ќе ја посети Атина
Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска ќе…