Македонија ги изгуби во Баница идеологот и апостолот Гоце Делчев, а во Дреновска Клисура војводата Пере Тошев

t

На денешен ден Македонија изгубила двајца големи синови, македонскиот идеолог и апостол Гоце Делчев и македонскиот револуционер и војвода Пере Тошев.

На 4 мај 1903 година во селото Баница, Серско, во Егејска Македонија, во борба против османлиската војска загинал Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на ослободителното движење на македонскиот народ кон крајот на 19-от и во почетокот на 20-от век. Роден е во Кукуш, Егејска Македонија, на 4 февруари 1872 година.


Девет години подоцна, на ист ден, на 4 мај 1912 година, кај селото Фариш, во Дреновската Клисура, Кавадаречко, од турските банди подмолно бил убиен Пере Тошев, македонски револуционер и еден од основоположниците на ТМОРО во Битолскиот револуционерен округ и учесник во Илинденското востание од 1903 година. Роден е во Прилеп, во 1865 година.

Последната акција на Делчев била на 19 март 1903 година во Егејска Македонија.

Четата на легендарниот македонски револуционер го разурнала тунет кај реката Ангиста во Серско. Тоа била последната негова акција против османлиската власт за ослободување на Македонија, пред неговата смрт.

Апостолот на македонското револуционерно движење загинал во заседа што била поставена кај селото Баница. За неговата смрт постојат неколку верзии, но има една непобитна вистина: Целиот живот го посветил во борба за ослободување на Македонија. За својата Македонија го дал и својот живот. Исто како и револуционерот Пере Тошев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таче збунет: Лоши и нападнатите и напаѓачите

Најостро ги осудувам вчерашните настани кои за…

Се јави Грција: Мега грешка било што…

Министерот за одбрана на Грција, Никос Панајотопулос…

Арсовска му го плесна на Таравари: Кадровски…

“Не ја разбирам вообразеноста и коментарите на…

Левица: Пробугарската Влада ги жртвува Македонците и…

На петтиот ден од сенародниот протест, на…

Еве кој бара да го прифатиме францускиот…

Сегашниот претседател на Европскиот совет Шарл Мишел…