Македонија работи на евакуација на сите свои државјани, но се бараат најбезбедните методи за извлекување

t

Министерството за надворешни работи постојано работи кон обезбедување на сигурни коридори за евакуација на македонските граѓани заглавени во конфликтот во Украина, велат од МНР за Инфомакс, додавајќи дека се во постојан контакт и со нашите државјани од Киев.

Во денешниот брифинг за новинарите МНР Бујар Османи, објасни дека во моментов се работи на план за евакуација на семејство македонски државјани кои живеат на крајниот исток на Украина во близна со границата со Руската Федерација, но истакна дека повеќе детали ќе бидат објавени во моментот кога евакуацијата ќе биде успешно спроведена.

– Во овој момент работиме на евакуирање на едно наше семејство кое живее на истокот на Украина во непосредна близина на границата со Руската Федерација, подготвуваме аранжман за извлеквуање но ќе кажеме повеќе детали во моментот кога ќе бидат евакуирани, објасни Османи.

Во меѓувреме, активно се работи и на план за евакуција на уште 100 македонски државјани од Украина од кои дел живеат во Киев, а други во други градови на земјата. Покрај овие 100 македонски државјани, се работи и на евакуација и на уште 50-тина други лица кои се Македонци но не и македонски државјани.

– Сепак, и овие 50-тина украински државјани ги сметаме за наши и заедно со нашите ќе бидат дел од лицата за кои се подготвува евакуација.

Османи објасни и дека во тек е извлекувањето на Македонските транспортери кои во моментов се наоѓаат на Украинско-Полската граница, а им е забранет излез од земјата поради тоа што превезуваат стока која е со руска декларација.

– Тие превозници можат да ја напуштат државата индивидуално, сами, но не можат да излезат со нивните камиони – со стоката која ја превезуваат. Украинските власти не пропуштаат руска стока да излезе од границата. Последниците ќе бидат економски, така да останува на превозниците, објаснува МНР Османи.

Од министерството пак за Инфомакс велат дека веќе стапиле во контакт со Сашо Анднов, македонскиот државјанин кој чека на евакуација од Киев заедно со неговото семејство. Освен Андонов, во Киев се и уште најмалку шест други семејства кои се пожалија дека немаат комуникација со МНР.

Веднаш по прашањето на Инфомакс до МНР зошто овие наши државјани не се контактирани, од службите на МНР побараа контакт и не известија дека овие државјани веќе од претходно биле се ставени на списокот на лица кои се во постојан контакт со земјава, и се подготвува нивна евакуација во моментот кога ќе биде обезбеден сигурен коридор за извлекување од градот.

А.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Прашуваат Американци каде е Украина, а…

На почетокот на руско-украинската војна, водител прави…

Петре Шилегов знаел за рамковните вработувања во…

Отстранувањето на речиси 40 лица од платниот…

Ванковска: Технички секретар во АЕК со завршено…

На огласот за работна позиција технички секретар…

Украинската државна нуклеарна агенција тврди дека Русија…

Украинската државна нуклеарна агенција Енергоатом тврди дека…

Големо намалување на горивата, ова се новите…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…