Македонија се сеќава: 21 година од масакрот кај Вејце – Осуммина припадници на единицата “Волци” беа ѕверски мачени и убиени

t

Денеска се одбележуваат 21 година од нападот кај тетовското село Вејце во кој осум припадници на специјалните единици на МВР ги положија своите животи во одбрана на татковината.

Загинаа Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27) од Битола, Илче Стојановски (24) од Битола, Кире Костадиновски (24) од Битола и Бошко Најдовски (24) од Битола.


Осумтемина загинати бранители, заедно со уште шестмина кои преживеаја, беа нападнати од заседа движејќи се меѓу тетовските села Селце и Вејце. Нивните тела беа масакрирани и запалени на планинскиот пат.

Шесттемина преживеани биле во последното возило од колоната. Повредени, успеале да се извлечат и да јават за масакрот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масакар во католичка црква во Нигерија: Има…

Се стравува дека десетици верници, меѓу кои…

(Видео) Храброст на ниво: Полицајците од Тексас…

Полицајците од Тексас чекале надвор од училиштето…

(ФОТО) Морничаво: Ова е момчето кое направи…

18-годишен маж отвори оган во основно училиште…

“Акт на ГЕНОЦИД”: Потресно сведоштво на жртва…

Трагедијата што се случи во Одеса на…

РЕЗИЛ: Министерката оддава почит на четворица, а…

Почит и незаборав за Роберт Петковски, Бобан…