Македонија се соочува со негативни демографски трендови

t

Актуелните демографски трендови во РС Македонија не се поволни. Државата се соочува со негативни демографски движења и тоа се манифестира со пораст на емиграцијата во странство, рече ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, Изет Зеќири, на Меѓународната конференција за миграцијата насловена „Луѓе во движење, државјанство, идентитет и развој“.

Според ректорот Зеќири, демографскиот потенцијал на една држава е главниот предуслов за развој и креирање на какви било политики и проектирање на иден економски, политички, образовен, здравствен и друг развој. Тој посочи и дека населението е еден од најважните фактори на општеството, на економскиот развој на секоја земја. Населението како што истакна ректорот има големо значење за обемот, структурата и развојот не само на производството туку и на целокупната општествена економска активност на една земја.


– Денеска во Македонија има краеви во кои возрасната група над 65 години и повеќе учествува со над 20 проценти на вкупното население, а младото население до 20 проценти што е алармантна ситуација. Во областа на економијата стареењето влијае врз економскиот раст, штедењето, инвестициите, производството, работната сила, пензиите, даноците. Во социјална смисла стареењето влијае и врз структурата на семејството и уредување на животот, побарувачката на домаќинствата, миграциските трендови, епидемиологијата и здравствената заштита, рече Зеќири.

Извор: Алсат ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

85 санкции за брзо возење на автопатот…

Како што соопштија од МВР, од нив,…

Тинејџерка нападната и ограбена на мостот во…

На 24.06.2022 во 07:50 часот во Полициска…

Скопјанец ја натепал мајка си

На 25.06.2022 во 01.00 часот на подрачје…

Изгоре викендица во Катланово

На 24.06.2022 во 13.00 часот во Полициско…

Нехамер гледа напредок во спорот меѓу Македонија…

Австрискиот канцелар Карл Нехамер смета дека бугарскиот…