Македонската и бугарската антитерористичка единица со заеднички вежби во Охрид

t

Демонстрација на заедничката оперативно-тактичка вежба „ХАРПУН 2022“ со учество на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ од Република Македонија и Специјалниот одред за борба против тероризмот на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, во соработка со Секторот за воздухопловни единици на Министерството за внатрешни работи на Македонија, денеска ќе се одржи на брегот на Охридското Езеро до Граничната полициска станица Охридско Езеро, информираат од нашето Министерство за внатрешни работи.

Ова е втора ваква заедничка вежба за оваа година, по онаа што се одржа во јуни 2022 година во Софија. На неа ќе присуствуваат делегации од двете министерства, предводени од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и заменик министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Венцислав Катинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратениците изгласаа, Путин нека му ја мисли:…

Народните претставници на Бугарија почнаа да ја…

Обединети против сè македонско: Грција ќе ѝ…

Ќе ја поддржам иницијативата за подигање спомен…

Да видат како е: Бугарија “ќе јаде”…

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер…

Прво заедничко чествување: Османи и Милков положија…

Со положување цвеќе на споменикот на Св.Климент…

Според бугарскиот МНР добро е што се…

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков…