Македонскиот олимпиец доживеа тешка повреда во Пекинг, oди на итна операција

Македонскиот олимпиец Дардан Дехари доживеа тешка повреда на десното колено при лошо паѓање на денешниот тренинг во Јанкинг, за време на подготовките за своето прво учество на зимските Олимписки игри во Пекинг.
-По првите консултации меѓу докторот Лубомир Огњеновиќ, кој е во Пекинг, кинеските доктори и претседателот на Здравствената комисија на МОК, д-р Небојша Настов, станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент на десното колено и Дардан Дехари итно ќе биде опериран, информираат од МОК.
Дехари, кој го носеше македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри, требаше да настапи на трките во слалом и велеслалом кои се на програмата на Олимписките игри на 13 и 16 февруари.
МОК му посакува на Дардан успешно опоравување од оваа тешка повреда и што побрзо враќање на скијачките терени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДСЗИ не констатирал грешки во третирањето на…
Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден…
ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЛЕВИЦА ЛО НЕГОТИНО ЗА ХУМАНИТАРНИ…
ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЛЕВИЦА ЛО НЕГОТИНО ЗА ХУМАНИТАРНИ…
Се преврте патничко моторно возило
Нова непосакувана ситуација на македонските патишта... Предмалку…
ХРВАТСКА СОНУВА ЗА АПСЕЊЕ НА ПУТИН! Пленковиќ…
Доколку рускиот претседател Владимир Путин, по кого…
„Никогаш не заборавајте“: Србите во Виена одбележаа…
Србите во Виена вечерва одржаа митинг по…