Македонските здруженија и партии од Албанија со честитка до МПЦ-ОА и г.г Стефан по повод Велигден

t

Во пресрет на големиот празник, Христовото воскресение – Велигден, македонското друштво „Илинден”-Тирана и македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, упатија честитка до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и до православните верници.

-Дозволете ми во мое лично име и во име на македонското друштво „Илинден” Вам, на вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитаме големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден. Радувајќи се на Воскресението Христово – Велигден, да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас, се вели во честитката од МД „Илинден” потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Честитка по повод Велигден упати и партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција со желби за здравје, спокој и благосостојба.

– Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Ви посакуваме празнувањето на овој светол ден кој е темел на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагате еден со друг и да го почитувате семејството и блиските и да ја имате силата која ви ја дава верата, стои во честитката на МАЕИ.

Како што информираше отец Алексо Темелко во чест на Христовото Воскресение-Велигден богослужба ќе се одржи во црквата „Св. Архангел Михаил” во Пустец.

Македонците кои во голем број живеат во Тирана, Елбасан, Корча и други градови присуствуваат на богослужбите кои се одржаа вчера а масовно се очекува присуство вечерва.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Провокација или грешка? Прво заедничко сослужување на…

Сретение Господово е еден од дванаесетте празници…

Денес се празнува Преподобен Максим Исповедник

Цариграѓанин по род и најпрвин беше висок…

Денес се празнува Преподобен Макариј Велики

Египќанец, еден од помладите современици на Антониј…

Денес се празнува Свети Атанасиј Велики, архиепископ…

Роден во Александрија во 296 година. Од…

Денес се празнува Преподобен Антониј Велики

Египќанец, роден околу 250 година во некое…