Македонските одбојкари останаа без финале во Сребрената лига

Македонската одбојкарска репрезентација попладнево во Будимпешта загуби од Финска со 3:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Европската сребрена лига.
Финците го добија првиот сет со 25:22, Македонците возвратија во вториот со 25:20. Следуваше пад во играта на „црвено-жолтите“ и убедливи 25:18 и 25:16 за нордиските одбојкари за конечна победа и пласман во финалето.
Во второто полуфинале вечерва од 19 часот играат домаќинот на завршниот турнир Унгарија и Романија.
Победникот утре ќе се бори за трофејот, додека поразениот ќе игра со македонската селекција во мечот за третото место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Социјалните мрежи горат по вчерашното реми: Од…
Социјалните мрежи вријат откако Македонија вчера ѝ…
Добро утро со Инфомакс: Наше знаме е…
Добро утро Македонци, денеска ви го пренесуваме…
Руски зборник од 1849 година: Македонскиот јазик…
Во време кога се врши атак врз…
Сведоштво на баба Велика, една “обична” Македонка:…
ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ ИЛИНДЕН МАКЕДОНЦИ! Славиме 120…
(Видео) И после глумат жртви?! Бугарите скандираа…
Навивачите на Левски на натпреварот против Шкупи…