Македонски средношколци се враќаат со три медали од Интернационалната олимпијада по информатика

t

На 34. Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2022), која од 7 август до 15 август се одржува во Јогјакарта, Индонезија, македонскиот тим средношколци го постигнаа историски највисокиот резултат во повеќегодишната традиција на ова натпреварување.

Македонскиот тим на овој најпрестижен интернационален натпревар во програмирање, составен од учениците Благојче Павлески, Марко Таневски, Софија Велковска и Тео Китановски, предводени од лидерите, д-р Емил Станков и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освои еден сребрен и два бронзени медала, информираат од Здружение на информатичарите на Македонија.

ИОИ 2022, после две години онлајн изданија, се одржува како хибриден настан, а повеќето од 90-те тимови се присутни во Индонезија. На настанот учествуваат вкупно 352 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, кои беа избрани преку годишните национални натпревари во програмирање во земјите учеснички.

-Во ваква силна конкуренција, досега најдобриот сребрен медал за Македонија го освои Благојче Павлески, ученик од Прилеп, со штотуку завршено средно образование во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје. Учениците Марко Танески, исто така од Прилеп, и Тео Китановски од Скопје освоија бронзени медали. Нашиот тим традиционално се избира во целогодишен циклус натпревари кој го организира Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), годинава поддржан од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и општествено одговорните компании Мелон Технологии, Нетцетера и Семос Едукација. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е одржуван волонтерски од ЗИМ и е достапен во текот на целта година за сите заинтересирани натпреварувачи, појаснуваат од Здружението на информатичари на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Има и разумни: Бугарски тиктокер на…

Бугарски тиктокер објави кратко видео на социјалната…

(Видео) Француската амбасадорка во Софија: Без Бугари…

„Дадовме европски гаранции дека вклучувањето на Бугарите…

Груевски: Не може Македонците да се виновни…

Поранешиот премиер Никола Груевски, на Фејсбук сподели…

Бугарски одбојкар: Проблемот ќе се реши со…

Бугарија мора да има намерна државна политика…

Добро утро со Инфомакс: Толку се страхувам,…

Гане Тодоровски е еден од плеадата македонски…