Објавено на:

Македонски Телеком донираше вреден апарат на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје

t

Kлиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доби значајна донација од Македонски Телеком. Станува збор за современ, мултифункционален апарат за анестезирање на пациенти кај коишто се спроведуваат оперативни зафати од гинеколошка и акушерска природа.

Ова е прв ваков апарат на клиниката и воопшто во земјава, обезбеден согласно со потребите на клиниката за подобра грижа за пациентите. 

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство доц.д-р.Викторија Јовановска изјави: „Овој апарат значајно ќе им помогне на сите, но особено на ризични пациентки коишто се изложени на примање на анестезија за време на тешки и долги оперативни зафати.. Станува збор за технолошко достигнување кое ќе биде на услуга при повеќе од 3000 сложени гинеколошки оперативни зафати кои годишно се изведуваат на нашата клиника. Оваа донација е уште позначајна бидејќи ја добиваме во време на значително намален капацитет на постоечката апаратура поради искористеност, како и период во кој инвестициите беа значително намалени поради периодот на пандемијата.

Проф.д-р. Сивевски, Раководител на Одделението за интензивна нега, анестезија и реанимација изјави: „Основната функција на апаратот е анестезирање на пациентите во гинеколошката и акушерската проблематика. Придобивките од апаратот, кој е супериорен како по карактеристиките, така и по квалитетот се големи затоа што ќе се користи кај сите пациенти…

Обезбедувањето на овој апарат кој е единствен од овој тип во државата, ќе ги надополни капацитетите со досегашната опрема, што пак значително ќе влијае на непречено функционирање на оперативниот програм“.

„Македонски Телеком е дел од оваа заедница и има одговорност да придонесе за развојот на општеството и добросостојбата на луѓето во Македонија. Ние имаме обврска не само да креираме врвни дигитални решенија кои им помагаат на луѓето во секојдневниот живот, туку и активно да учествуваме со општествено корисни активности од интерес на сите. Се надеваме дека со оваа донација ќе се овозможат подобри гинеколошки услуги за родилките и новороденчињата на кои тоа им е најпотребно. Како општествено одговорна компанија ќе продолжиме да поддржуваме проекти кои ја отсликуваат нашата заложба за подобар живот за сите“. – изјави Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Никола Љушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…

Трагедијата која го погоди Кочани и целата…

Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…

Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…

(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…

Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…

Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека,…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…

Ден на жалост во Србија поради трагедијата…

Најмалку 59 лица загинаа, а повеќе од…