Македонското здравство под лупа на СЗО

t

Светската здравствена организација (СЗО) во својот најнов извештај забележува дека Македонија, постигнува напредок во намалувањето на антимикробна резистентност и во користењето е-здравство во одговорот на КОВИД-19, додека катастрофалните здравствени трошоци и понатаму претставуваат предизвик.

Во „Здравствени системи во акција: Македонија“ – новиот извештај на СЗО за Македонија нагласува дека земјата почнала да презема координирани чекори за намалување на нерационалната употреба на антибиотици и за зајакнување на системот за надзор на антимикробна резистентност. Антибиотиците, велат од СЗО, се лекови што спасуваат животи, но, нивната злоупотреба придонесеува за појава на мултирезистентни организми, кои се закануваат да ја намалат нивната корисност.

Катастрофалните трошоци, според СЗО, се должат главно на приватни плаќања за лекови. Високото ниво на приватни трошоци, вклучително и неформални плаќања, ја намалува веројатноста групите граѓани со ниски приходи да ги добијат потребните здравствени услуги.

СЗО во овој Извештај го пофалува напредокот на Македонија во, како што нагласува, многу сложени околности. Од оваа здравствена организација нагласуваат дека важно е да се напомене оти постигнувањата на Македонија се остварени во многу сложени околности, а особено во услови на глобална пандемија. Македонија, според СЗО, била погодена од пандемијата на КОВИД-19 посилно отколку многу други земји, особено за време на вториот и третиот бран.

-Новите извештаи даваат важни информации и податоци за здравствените системи во овие земји на концизен и достапен начин, вели д-р Наташа Азопарди Мускат, директорка за национални здравствени политики и системи во СЗО/Европа и додава дека со истакнување на напредокот и предизвиците, извештаите ќе ги поддржат земјите во понатамошното следење на здравствените системи со текот на времето, истовремено поставувајќи ги во поширокиот контекст на Европскиот регион на СЗО.

Извор: Локално

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО ја активираше мрежата екипи за итна…

Светската здравствена организација ја активираше својата мрежа…

Конечно добра вест: СЗО вели на повидок…

Светот никогаш не бил во подобра позиција…

Македонското здравство под лупа на СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) во својот најнов извештај забележува…

Регионален директор на СЗО обвинет за расистичко…

Светската здравствена организација (СЗО) на неодредено време…

СЗО размислува да прогласи глобална вонредна состојба…

Комитетот за итни случаи на Светската здравствена…