Македонците во Албанија достоинствено го одбележаа празникот Ѓурѓовден

t

Македонците во Албанија, независно од нивната верска припадност, врз основа на вековните традиции, го одбележаа денот на светиот великомаченик Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден.

Достоинствено одбележувањето, кое почнува во пресрет на празникот и трае три дена, беше во  Преспа, Врбник, Голо Брдо и Гора.

-Во Мала Преспа, имаше организирани прослави во селата Шулин, Глобочени и Долна Горица. Во село Долна Горица, беше одбележан споменот на славниот патрон и небесен застапник, светиот великомаченик Георгиј Победоносец во црквата Св. Ѓорѓија, со богослужба што ја одржа отец Алексо Темелко, пренесува весникот Македониум.

Во областа Гора прослава се организираше во село Шиштавец, каде се одржа и трка со коњи, додека во областа на Голо Брдо, Ѓурѓовден организирано се славеше во село Стеблево.

-На Ѓурѓовден во Мала Преспа, Врбник, Гора и Голо Брдо се изведуваат многу обичаи поврзани со овој празник. Почнуваат на 5 мај пред зајдисонце кога сите млади и постари одат по ливадите и градинте, каде берат гранчиња /потки/ и цвеќиња, ги носат дома каде ги закитуваат портите, влезната врата на куќата, трлата, плевните, се за здравје и во чест на доаѓањето на пролетта, наведува весникот.

Според верувањето потките ги штитат куќите од разни опасности, а нивите и родот од несреќа. Во некои места гранче боз се става пред куќата пред влезната врата и утрото на Ѓурѓовден секој кога ќе стане и излегува надвор стапнува на бозот за здравје.

Насекаде, вечерта спроти празникот и вчерашниот ден се виеше македонско оро и се пееја традиционални песни наследени од нивните предци.

Извор: Сител ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети ги повика Македонците да се обединат…

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, придружуван од…

Се работи на инвестиција на нов гасовод…

Сите влади работат во специфични услови зашто…

Вучевиќ: Македонија и Албанија имаат нула поени,…

Македонија и Албанија имаат нула поени, а…

Албанската армија влегува во Косово: Ќе помагаат…

Војници и возила на албанските вооружени сили…

(Видео) И македонските деца во Сиднеј скокаа…

Далеку од дома, но традицијата во срцата.…