Македонците во Албанија подготвуваат масовна прослава за 24 мај

t

Етничките Македонци од Пустец и цела Албанија, за прв пат досега, подготвуваат богата со содржини и масовна прослава на 24 мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

Манифестациите, во соорганизација на Македонското друштво “Сонце”, од Албанија и Друштвото за литература и култура “Мацково” од Македонија,  ќе се одржуваат во центарот на Мала Преспа и седиштето на општината, населбата Пустец, како и во селото Глобочани, кај паметникот на големиот писател, Македонец, Стерјо Спасе, односно во Спомен – музејот “Стерјо Спасе”.

Најавени се низа промоции на книги и  поетски читања.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија се попривлечна дестинација, за два месеца…

Туристичкиот сектор во Албанија и годинава стартуваше…

Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван во…

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според…

(Фото) Протести и во Германија за Кочани:…

Македонци во Нирнберг Германија, денеска одржаа мирен…

Кос: Албанија е остров на стабилност на…

Еврокомесарката за проширување Марта Кос ја нарече…

Македонската партија во Албанија се повлече од…

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса…