Македонците во Пустец повторно го избраа Колефски
Пали Колефски и во наредните четири години ќе ја води албанската општина Пустец, што ќе биде негов мандат. Ова е исходот од вчерашните локални избори кај нашиот западен сосед.
Тој во објава на Фејсбук се заблагодари и порача дека „Преспа ќе продолжи да живее” и оти жителите на општина Пустец го избрале најдоброто.
-Преспа ќе продолжи да живее, жителите на Општина Пустец го избраа најдоброто. Драги мои прво да ви се заблагодарам на огромната и безрезервна поддршка на овие избори а од утре продолжуваме со макотрпна работа, од утре продолжуваме да работиме за Општина Пустец да стане уште подобро место за живеење. Оваа победа не е само моја, оваа победа е ваша, оваа победа е за сите нас заедно. Уште еднаш ви БЛАГОДАРАМ ОД СЕ СРЦЕ, објави Колефски.
Според првичните информации, за Колефски гласале 63,8 отсто, додека за неговиот противкандидат Панди Јани 36, 2 отсто. Колефски доаѓа од владејачката Социјалистичка партија.
Во избирачкиот список во Пустец запишани се 4.364 лица со право на глас. Општината е населена 100 отсто со Македонци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…