Македонците во Србија на малцински избори го избраа новиот Национален совет

t

Во Србија се одржаа редовни избори за Национални совети на 23 национални малцинства, меѓу кои и на македонското малцинство, јави дописникот на МИА од Белград.

Македонското малцинство изборите за членовите на Националниот совет ги одржаа во Белград, во Народното собрание по пат на електорско собрание, поради недоволен број на доброволно запишани гласачи во Посебниот избирачки список.
На изборите од пријавените 59 учествуваа 57 запишани електори кои гласаа за една изборна листа-„Листата Борче Величковски“ која по гласањето со мнозинство од 56 гласа беше избрана, како и 23 члена на новиот македонскиот национален совет.

Изборите преку електорско собрание се начин на посреден избор на членови на националните совети, бидејќи на тие избори право на глас немаат сите припадници на националното малцинство запишани во посебниот избирачки список, туку само оние кои во законски регулирана процедура се пријавиле и ги исполнија законските услови да бидат електори (избирачи), односно да на електорско собрание избираат членови на својот НСНМ.

Клучен услов одреден избирач да добие статус на електор е со свој потпис да го поддржат одреден број избирачи – кои се изјасниле дека се припадници на македонското национално малцинство.

Во нареднио период од избраните 24 членови на Националниот совет од листата на Борче Величковски, инаку досегашен претседател на македонскиот НСНМ, на конститутивна седница треба да се избере нов претседател на НСНМ како и ново раковоство.

Националните совети се најважните институции на националните малцинства на кои, според Законот, им се доверени „јавните овластувања да учествуваат во одлучувањето или да одлучуваат самостојно за одредени прашања од областа на културата, образованието, информирањето и службената употреба на јазикот и писмото за да се остварат колективните права на националното малцинство на самоуправување во тие области“.

Националните совети се финансираат од буџетот на Република Србија, од автономната покраина Војводина и единиците на локалната самоуправа и како и останатите организации кои се носители на јавни овластувања, важно е да работат и средствата да ги трошат транспарентно.

На денешните изборите кои се одржуваат на секои четири години, на 949 избирачки места, 456 199 гласачи избираа членови на национални совети на 23 национални малцинства, колку се признаети во Србија, од кои 19 малцинства имаа непосредни избори, а четири национални малцинства-македонското, горанското, хрватското и црногорското членовите ги бираа со електорско собрание.

Преку електронско собрание за прв пат свој НСНМ избираа и горанците, од областа Гора во Косово, кои во Србија се признати под ова име како посебно национално малцинство.

Во Србија според пописот од 2011 година, за разлика од минатите години бројот на македонците опаѓа, или 22 755 лица се изјасниле како припадници на македонската националност, што е околу 0,32 отсто од вкупниот број на жители во Србија.

Според неофицијалните проценки во Србија живеат над 100 000 Македонци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во четврток е последниот неработен ден за…

Овој четврток ќе биде последниот неработен ден…

Внимавајте: Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Ковачевски на Самитот Западен Балкан-ЕУ во Тирана

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидерите од…

Захарова: Нема да се повлечеме од нуклеарната…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Утринска магла, променливо облачно и слаб ветер

Наутро наместа со појава на магла, во…