Македонците да се сведат на малцинство? – Еве што бара ДУИ

t

Изјавата на вицепремиерот Артан Груби, околу тоа дека ДУИ е подготвена да разговара за промена на изборниот модел и да се согласи на промена на Уставот само доколку се укине ограничувањето на 20 проценти за употребата на албанскиот јазик, предизвика остра реакција кај опозицискиките партии од т.н. макденски политички блок, пренесува Плусинфо.

Пред неколку дена Груби одговарајќи на предлогот од ВМРО-ДПМНЕ, за реформи во законот на избори со кои се предвидува една изборна единица и намалување на бројот на пратеници, тој даде контроверзна изјава која ги разбранува духовите.

– Ме радува фактот што опозицијата или најголемата опозициска партија е подготвена за отворање на Уставот. Во тој случај имаме ние и други теми кои треба да се вклучат во овие уставни измени, како што е спорот со Бугарија или вклучувањето на бугарската, хрватската, црногорската заедница и укинување на ограничувањето од 20 проценти за употреба на албанскиот јазик. Отворени сме за таа идеја и да ја збогатиме со други дополнителни идеи за да ги заокружиме сите отворени прашања – рече Груби.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека ваквиот начин на комуницирање на функционерите на ДУИ е поврзан со пазарџискиот менталитет воспоставен во владината коалиција.

„Ова нивно барање е пред се поврзано со пазарџискиот менталитет застапен на коалицијата на власт, и помислата дека по истите принципи би се пазарале за некои нивни барања и со ВМРО-ДПМНЕ. На маса е предлог за намалување на бројот на пратеници, а со тоа и намалување на трошоците за граѓаните, како и една изборна единица што и беше барање на помалите партии од власта. Ако од ДУИ се против повеќе функционална демократија тогаш тоа треба јавно да го кажат. Инаку сосема е јасно е кога ДУИ не се екологисти сакајќи да се додворат и прикажат за некаква квази напредна опција, тие се редовни тендерџии кои се занимаат со криминал, кој го споделуваат со партнерите од СДСМ. И затоа секогаш кога се фатени во тесно, тие се покриваат со некаков патриотизам, права на Албанците и слични теми, кои во реалноста ни одблиску не ги засегаат до степен приближен како што се заинтересирани за криминалот“, за Плусинфо велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија порачуваат дека немаат проблем со правата на Албанците, но им пречи дволичноста од ДУИ, од каде го одбија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за премиер Албанец.

„Кога на маса имаше предлог за премиер Албанец, ДУИ го одби, немаат право на национализам и поделби за тендери, народот се обединува против тендер коалицијата ДУИ-СДСМ и ќе ги порази на избори“, додадоа од најголемата опозициска партија.

Против предлогот на Груби се и од Левица. Од оваа партија ни порачаа дека правата на Албанците не би смееле да бидат предмет на пазарење и уцени, туку здобивањето на малцинските права треба да се одвива во природен демократски процес.

– Во секоја земја има една нација и еден јазик кој ги обединува малцинските групи. Тенденцијата е македонската нација да се сведе на етничка група, а државата влегува во процес на „дејтонизација“ по примерот Босна и Херцеговина. Никој не ги спори правата на Албанците и тие права не би требало да се предмет на уцени и на пазарења. Албанците и Србите имаат свои матични држави, а во Македонија треба да говориме за малцински права на припадниците на овие народи. Би сакала да го прашам Артан Груби, зошто по 20 години силеџиска политичка борба на ДУИ, голем број на Албанци и натаму масовно се иселуваат во земји како Германија и како Швајцарија, каде не се говори на албански јазик во државните институции – прашува Јована Мојсовска, член на Президиумот на Левица.

Извор: Плусинфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…