Објавено на:

Македонците од Албанија го одбележаа 24 Мај – Денот на сесловенските просветители

t

Етничките Македонци од Пустец и Албанија денеска во селото Глобочани, Мала Преспа, за прв пат организираа прослава по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

Се одржа научен собир во соорганизација на Македонското друштво „Сонце” од Албанија, Универзитетот „Фан Ноли” од Корча, Албанија и Друштвото за литература и култура „Мацково” од Охрид.


Учесниците на собирот ги поздрави Васил Стерјоски, прв пратеник Македонец во албанскиот Парламент и претседател на политичка партија на Македонците – МАЕИ.

Пред паметникот на писателот Стерјо Спасе и во Спомен – музејот „Стерјо Спасе”, се одржаа повеќе промоции на книги и поетски читања.

Централен настан беше промоцијата на капиталното дело „Хармониска интеграција на македонското малцинство во Република Албанија – Случај на македонското малцинство во областа Преспа и Врбник” од проф. д-р Мариа Дојче, истакната албанска интелектуалка. Студијата се фокусира на меѓусебните социо-културни влијанија меѓу Албанците и припадниците на македонската заедница во регионот на Корча.

-Жителите на македонската заедница носат културни вредности како што се толеранција, разбирање, соработка, образование, патриотизам, кои им помогнаа на овие жители да живеат успешно достоинствено меѓу двете култури. Во овој соживот се забележува истрајноста во одржувањето на кохерентноста на етничкото друштво, каде во секоја социо-културна ситуација овој етникум се јавува хомоген и со јасни идентитетски и културни контури, пишува, меѓу другото, Мариа Дојче.

Исто така, беше претставено и литературното творештво на писателот Васил Шумка, по потекло од село Долна Горица во Општина Пустец, а на четиригодишнината од неговата смрт беше одбележан поменот и споменот за животот и делото на Спасе Мазенковски. За творештвото на Мазенкоски говореше професор д-р Катерина Тодоровска од Институтот за национална историја во Скопје, која нагласи дека Мазенковски е познат поет, писател, новинар и публицист по потекло од селото Леска, кој го уредуваше весникот „Мала Преспа”.

Специјален гостин на чествувањето на 24 мај беше хрватскиот поет и македонист Валерио Орлиќ кој читаше свои стихови пред паметникот на Стерјо Спасе. За оваа пригода од Тирана во Пустец пристигнаа и говореа хрватскиот амбасадор во Албанија, Златко Крамариќ и амбасадорот на Македонија, Данчо Марковски.

Хрватскиот поет Орлиќ е на голема книжевна турнеја низ Хрватска, Македонија и Албанија. Од 28 мај ќе учествува на познатиот поетски фестивал во Корча – „Поетски вечери”. Тој е основач и почесен претседател на Хрватското книжевно здружение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шолц: Западен Балкан може да му верува…

Германија ќе продолжи да ги поддржува земјите…

Албанскиот новинар Шабан Мурати: Белград има интерес…

Европските и балканските дипломатски кругови беа шокирани…

Македонија, Грција и Албанија конечно ќе се…

С. Македонија, Грција и Албанија конечно ја…

Рама: Можеби Путин е болен, но не…

Премиерот на Албанија Еди Рама денеска во…

(Видео) Рама повторно саркастичен: Поздрав од Источна…

„Поздрав од Источна Македонија“, им се обрати…