Макрон бара Техеран веднаш да престане со поддршката за Русија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го повика својот ирански колега Ебрахим Раиси веднаш да престане да ја поддржува Русија во војната во Украина со испорака на беспилотни летала, соопшти Елисејската палата.
Во телефонскиот разговор со Раиси, Макрон предупреди на сериозни последици, безбедносни и хуманитарни, кои би можеле да ги предизвикаат иранските испораки на беспилотни летала за Русија.
Францускиот претседател го повика Техеран „веднаш да ја прекине поддршката што ја дава за руската агресивна војна против Украина“.
Белата куќа во петокот соопшти дека Русија „добива материјали од Иран за да изгради фабрика за беспилотни летала“ на нејзина територија и дека локацијата „би можела целосно да биде оперативна на почетокот на следната година“.
САД проценуваат дека Русија добила „стотици“ ирански нападни беспилотни летала до мај и ја обвинуваат дека неодамна ги користела за „напад на Киев и тероризирање на украинското население“, соопшти Белата куќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Израел: „Техеран ќе гори“
Израел се закани со жестока одмазда против…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…