Објавено на:

Макрон: Да и се помогне на Украина, но не да ја нападне Русија

t

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека треба да и се помогне на Украина, но не да ја нападне Русија.

– Наша должност е да и помогнеме на Украина како што правиме, да ја заштитиме нејзината територија, а не за да може таа (Украина) да ја нападне Русија. Ние не сме во војна со Русија, изјави Макрон за француската онлајн телевизија BFMTV.

Според него, целта е Украина да пружи отпор, да си го врати суверенитетот, а Русија да седне на преговарачка маса.

Францускиот претседател најавата на Русија за мобилизација на резервистите и заканата од употреба на нуклеарно оружје ја цени како уцена.

– Очигледно е уцена бидејќи тој (Путин) има такво (нуклеарно) оружје и опасноста е секогаш присутна. Тоа е начин на притисок во тешко време на војна, рече Макрон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се шест пожари, два се под…

Вчера, петок, 09.08.2024 година, имаше вкупно 37…

Изгаснати пожарите во липковско Матејче и во…

Сува трева и стрништа гореле во липковското…

Трамп е подготвен да ги омекне ставовите…

Доналд Трамп изрази подготвеност да размисли за…

Земјотрес од 6,8 по Рихтер го погоди…

Земјотрес што според прелиминарните мерења, бил со…

Претрес во Ресен, пронајдена марихуана и муниција

На 09.08.2024 од страна на полициски службеници…