Макрон: Нема причина да прифатиме рускиот гас да се плаќа во рубљи

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека нема причина да се прифати барањето на Русија за плаќање на рускиот гас во рубли.
-Сите текстови што се потпишани се јасни. Ова е забрането, рече Макрон на прес-конференција по синоќешниот самит на ЕУ во Брисел.
Тој додаде дека „европските компании кои купуваат гас и работат на европска територија мора да го прават тоа во евра”.
-Затоа не е можно да се направи тоа што се бара денеска, тоа не е договорно, изјави Макрон.
Францускиот претседател додаде дека не верува оти Русија сака да ги раскине договорите, но изјави дека, ако е така, тогаш Москва треба тоа да го каже експлицитно, пренесуваат британските медиуми
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски: Македонските Бугари го избраа погрешниот пат
Македонските Бугари не разбираат од самиот почеток,…
МД „ИЛИНДЕН“-ТИРАНА ОДБЕЛЕЖУВА 14 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО…
Денеска се навршуваат 14 години, од 6…
За Роки преговори не водиме, Роки не…
Со ЕУ може да водиме преговори. Ама…
Да помогнеме – ЦРВЕН КРСТ ОТВОРИ БРОЕВИ…
Силниот катастрофален земјотрес од 7,8 степени според…
Засилени контроли: За еден ден 727 санкции…
Во текот на вчерашниот ден (05.02.2023) Министерството…