Макрон: Франција испраќа брод со над 1.000 тони помош за Украина

t

Операцијата на 24 август ја најави францускиот претседател Емануел Макрон по повод украинскиот национален празник.

„Денес се мобилизираме и утре ќе го сториме истото за да помогнеме во воениот отпор што го даваат Украина и Украинците и за да ѝ помогнеме во обновата на земјата“, рече францускиот претседател во видео пораката, најавувајќи го претстојното заминување на брод од пристаништето во Марсеј со товар „продукти, медицински материјали и опрема за рехабилитација“.

За време на престојот во Украина, министерката за европски и надворешни работи Кетрин Колона уште еднаш ги информира претседателот Володимир Зеленски и нејзиниот колега Дмитро Кулеб за „зголемувањето на помошта обезбедена од Франција, и со испраќање одбранбено оружје и со борба против неказнивоста на финансиските и хуманитарни полиња, како што е оваа операција наречена „Брод за Украина“. Министерката утре ќе присуствува на испловувањето на бродот „Акноул“ од Марсеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Храбрите пилоти на МВР спасија туристка…

Благодарение на храбрите доброволни спасители од Охрид…

Стотици хиндуси неуспешно се обидуваат да избегаат…

Стотици хиндуси неделава направле неуспешни обиди да…

Велика Британија се подготвува за повеќе немири,…

Британскиот премиер Кир Стармер свикува денеска уште…

(Фото) Големо невреме се подготвува во Скопје

Големо невреме со засилен ветер се подготвува…

Милер: Веруваме дека Косово ги загрози можностите…

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер…