Максимално понизни на “камшикарите”: Одлуката за воведување визи за Куба и Боцвана е вазалска, велат од Левица

t

Владината одлука за воведување на визи за Куба и Боцвана е дел од нејзината вазалска политика, велат од Левица.

– Надворешната политика на Македонија целосно ја има изгубено својата сувереност. Ова го потврдува и одлуката на македонското МНР да воведе визи за земји како Куба и Боцвана.

Ваквата одлука на нашето МНР, без апсолутно никаква причина и образложение да воведе визен режим на земји кои никогаш во својата историја немат водено штетна политика кон Македонија, е навистина сулуда. Особено што станува збор за држави кои безрезервно ја признаваа државата под нејзиното уставно име, почитувајќи го правото на самоопределување на македонскиот народ и неговиот суверенитет над својата држава.

Ако се земе во предвид и фактот дека Македонија нема дипломатски претставништва во овие земји, со ова како држава, процесот за добивање на виза за државјаните на овие две земји го правиме практично невозможен и поставуваме бариери кон народите на земји кои негуваат кон нас пријателски односи.

Османи недволично потврди дека владата, на предлог на Министерството за надворешни работи, ја донела оваа одлука во контекст на усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и уште еднаш го покажа протекторатското и вазалско однесување на власта кон колективниот Запад, кој пак премолчно ги храбри државите како Грција и Бугарија, во нивните негаторски политики кон Македонија и македонскиот народ.

Левица најстрого ја осудува ваквата, во најмала рака, срамна одлука на владата предводена од СДСМ и ДУИ, чија единствена цел во нивното водење на надворешната политика, очигледно е само тоа да бидат допадливи и максимално понизни кон нивните „камшикари“. – напишаа од Левица на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица ги подбра Мицкоски и СДСМ:…

Политичката партија Левица објави кратко видео на…

(Видео) Левица оди кон 15 пратеници и…

Левица оди кон петнаесет пратеници и ќе…

Левица бара МНР да го осуди нападот…

„Вчера Македонците во Бугарија повторно беа жртва…

Гоце е сè уште жив меѓу нас…

Денес, официјална делегација на Левица, составена од…

Левица од Атина: Грција и Бугарија мораат…

Грција и Бугарија мора да ја признаат…