Малолетник од Чешка осомничен за лажните дојави за бомби во црногорските училишта

Малолетник државјанин на Чешка испратил лажни пријави за поставени бомби во училишта и други црногорски институции, соопшти денеска Управата на полицијата.
Според пријавата, малолетникот не е поврзан со Црна Гора, а делото е извршено на територијата на Чешка.
Црногорската полициска управа им се заблагодари на сите меѓународни партнери кои на различни начини помогнале да се постигнат вакви резултати, а особено во овој случај чешката полиција и чешката амбасада во Црна Гора, кои, како што се наведува, дејствувале брзо и ефикасно.
Полициската управа потсетува дека во последните шест месеци има десет лажни дојави за бомби во училишта и други институции.
„Поголемиот дел од тие случаи се решени со идентификувани сторители или форензички, односно оперативни податоци преку кои може да се дојде до сторителот во наредниот период“, се наведува меѓу другото во полициското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пентагон: Нова воздушна поддршка за заштита на…
САД ќе распореди уште еден носач на…
СДСМ Аеродром: Излевањето на Маркова река е…
Излевањето на Маркова река пред само неколку…
Возел пијан и без возачка, удрил во…
На 02.04.2025 околу 00.20 часот во Штип,…
Трагичен крај за сите четири американски војници…
Телото на четвртиот американски војник е пронајдено…
Ги сруши сите рекорди: Американски сенатор 25…
Демократскиот сенатор од Њу Џерси Кори Букер…