Малолетник украл компјутери, лаптопи и друга техника од новата зграда на општинската администрација во Струга

t

Компјутери, лаптопи и друга техника била украдена ноќеска од новата зграда на Општина Струга, во која пред само неколку дена се преселила општинската администрација.

Полицијата утрово во 9 часот лишила од слобода малолетник, осомничен за кражбата.

– Тој се сомничи дека извршил кривични дела „кражба” во канцеларија во Општина Струга и во продавница за мобилни телефони на улицата „Пролетерски бригади” во Струга. Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците, информира за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Малолетникот, додаде, е задржан во полициска станица и во присуство на неговите родители со него ќе биде извршен службен разговор.

– За настанот ќе биде известен и Центарот за социјални работи од Струга. По целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Димоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Струга искасана активистка за заштита на…

Нов напад од улични кучиња се случил…

Со возило удрил Албанка и ја оставил…

Ја удрил со автомобил и ја оставил…

Кумановка украла телефон и платежна картичка па…

Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во…

Баш новогодишно: 16 сообраќајни несреќи, 10 кривични…

Новогодишната ноќ помина мирно, без поголеми нарушувања…

Тешки времиња: Жена фатена на дело како…

Во трговски центар во Тетово вчера во…