Малолетници одговорни за заканите со бомби во Бар и Улцињ

Црногорската полиција денеска соопшти дека во два одвоени случаи идентификувала двајца малолетници кои претходно се заканувале дека ќе активираат експлозивни направи во основните училишта во Улцињ и Бар.
Според Полициската управа, идентификуваниот малолетник на 21 април на блог објавил закана по безбедноста на децата и вработените во ОУ „Маршал Тито“ во Улцињ, а против тоа лице е поднесена кривична пријава до Државниот обвинител при Специјалното Државното обвинителство.
Полицијата го идентификувала и лицето кое на 27 април испратило е-пошта со пријава за поставена бомба на адресата на Основното училиште „Мркојевиќи“ во Бар, а против неа е поднесена кривична пријава, пренесува Вијести.
Од УП наведуваат дека и во двата случаи се работи за малолетни лица.
Според УП, полицијата претходно била информирана од НЦБ Интерпол Вашингтон дека непознато лице на блог-страницата на Гугл изјавило дека се, како што велат, „неонацисти и дека планираат да извршат масовно пукање во основно училиште, со покана да им се придружиме на локалните нацисти“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Врти, сучи, суд да се формира: САД…
САД се залагаат за формирање на специјален суд за…
А ќе речете пролет: Минус десет степени…
На Попова Шапка утрово е најстудено со…
Украинската вицепремерка: Русите да не посвојуваат деца…
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук ги повика Русите…
Значи некој ќе си легне на брашното:…
Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, синоќа…
Доцна во ноќта земјотрес ги вознемири штипјани!
Рано утрово околу 2.40 минути во близина…