Објавено на:

Манасков: Сите ме прифатија добро во Вардар

t

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 иако нема да игра во Лигата на шампионите поради суспензијата од ЕХФ, го засили тимот со репрезентативното крило Дејан Манасков. Манасков по пет години поминати во Веспрем, си замина од унгарскиот тим и потпиша за Вардар.

– Веќе неколку денови тренирам со екипата, добро се вклопив, доста од играчите ги познавам од претходно така што не беше тешко. Сите ме прифатија добро и се подготвуваме за почетокот на сезоната. Не очекува јубилејниот 50. турнир во Струга, ќе ми биде драго што по неколку години ќе играм таму. Се работи за квалитетен турнир кој ќе претставува генерална проба за тоа што не очекува во сезоната. Ќе го искористиме максимално овој период за да бидеме подготвени за дуелот на 23. август против Нексе. Играме дома, ќе одиме на победа и сакаме да се пласираме на завршниот турнир – изјави Манасков.

Вардар од 16 до 20 август ќе биде дел од традиционалниот Струшки ракометен турнир кој годината слави јубилеј 50-то издание. Покрај Вардар во Струга ќе настапат и екипите на Алкалоид, Целје Пивоварна Лашко, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер, Татран Прешов, АЕК Атина, Струга и Бутел

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) “Комити” и “Чкембари” приредија навивачки спектакл…

Екипите на Пелистер и Вардар играат дерби, а иако тоа е…

Вардар остана без четвртфинале во СЕХА

Македонскиот првак Вардар загуби на домашен терен…

Шампионот на Македонија подготовките ќе ги започне…

Освојувачот на шампионската титула од сега веќе…

(Фото) Арсовска на терен доцна вечерва: Продолжува…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, доцна…

Вардар и Пелистер на домашен терен ќе…

Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ќе имаа…