Мандела синдром – во свеста на Бугарите

t

Мандела синдром – во свеста на Бугарите

/Успомени за нешто што не се случило, за некој кој не постои/

Овој синдром научно е дефиниран од пред некоја деценија, а во свеста на Бугарите е присутен повеќе од 150 години. Мандела синдромот е сеќавање на нешто што воопшто и не се случило. Нешто што никогаш не постоело(во минатото) и не постои денес, сега и тука, во реалноста. Тоа ти е кога повеќе луѓе, во случајот на Бугарија, безмалку цела политичка номенклатура, историска фела и академска јавност се сеќава на некој настан, на начин на кој тој не се случил.

Така тие за Илинденското востание од 1903г. си мислат дека е Илинденско-прображенско востание, и дека е бугарско востание, што воопшто не е точно.

Истото се однесува и за Македонската преродба(национална, културна, политичка), која се појавила во Македонија и чии носители се сите до еден Македонци, ама ете на Бугарите им се присторува дека таа е бугарска преродба.

Тој синдром или тој феномен им се повторува и кога се работи за некоја личност, на пример Гоце Делчев, за кого тие мислат дека е Бугарин, а реалноста е сосема поинаква. Сите факти, сите аргументи и здраворазумски резонирања потврдуваат дека Делчев е Македонец, македонски револуционер и идеолог на револуционерната борба на Македонците, борба за национална слобода и македонска самостојна држава.

Овој синдром го носи името Мандела синдром, поради тоа што група луѓе изјавиле дека се сеќаваат дека тој, Мандела, починал во 1980 година. Споменатите “сведоци“ на смртта на Мандела, дури се сеќавале и на детали за неговата смрт – на наслови во весниците и прилози на телевизиите. Сето тоа би било во ред, под услов Нелсон Мандела да починал во 1980г. кога посочиле тие луѓе. Факт е дека тој умира дури во 2013 година, во својата 95 година. Овој феномен го приметила блогерката Фиона Брум, во 2010 г., која учествувала на некоја меѓународна конференција на која истите луѓе се сеќавале на “неслучената“ смрт на Мандела.

Псохолозите, социолозите, филозофите и психијатрите овој синдром го објаснуваат со концепт на лажно сеќавање и конфабулација, т.е. “китење“ на случката, личноста или приказната при зборувањето за нив. Исто така тие научно го објаснуваат синдромот со паралелни светови, паралелни универзуми.

Лажните сеќавања се искривени и во суштина се неистинити. Тие се резултат на меморија која погрешно функционира. А токму таква е бугарската колективна и поединечна меморија.

Допринос за нефункционирањето на прав начин на меморијата даваат и емоциите и пристрасноста. Сите тие, заедно, ја даваат алтернативната реалност, односно паралелниот универзум.

Најконкретно, Мандела синдромот кај Бугарите се јавува кога тие се среќаваат со вистинската реалност и на истата и ја спротивставуват нивната алтернативна реалност, т.е. нивниот паралелен универзум. Ете затоа Бугарите(политичари, историчари, академици) за Македонија и Македонците имаат искривени сеќавања, кои целосно или делумно се неточни, а тие го мислат спротивното: Дека нивните искривени сеќавања се вистинските и единствено точните.

Ете тоа е синдромот(Мандела синдром), феноменот на погрешно и неточно колективно и поединечно сеќавање кај Бугарите. Тие имаат успомени за нешто што воопшто не се случило. Сега се надевам јасно ни е од каде иде онаа бугарската “Този дупче не е дупче“.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандалот со Онишченко ја нарушува нашата репутација,…

Скандалот со македонското државјанство на Украинецот Александар…

Радев се жали: Наместо европска солидарност Бугарија…

Владата на холандскиот премиер Марк Руте на…

Естонија купува американски ХИМАРС!

Естонија, земја-членка на НАТО, која граничи со…

За 29% зголемено производство на струја на…

АД ЕСМ соопшти дека за 11-те месеци…

Чудно но вистинито: Лишен од слобода жител…

Денеска (03.12.2022) во периодот од 05.00 до…