Манев: Палевски ги запишуваше броевите на родителите на Вања

t

Обвинетиот Велибор Манев денеска во својот исказ пред судот сведочеше за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, откривајќи нови шокантни детали за злосторствата.

„Вања беше врзана во моментот кога јас ја видов убиена“, се присети Манев, додавајќи дека кога ја откопчале за Палевски да ја фотографира, сфатиле дека имаат погрешна личност.

Манев сведочеше дека само Љупчо Палевски имал телефон, со кој ги запишувал броевите на родителите на Вања, откако таа сама ги кажала.

Во сведочењето, Манев изјави дека десет дена пред грабнувањето Палевски одлучил дека мета ќе биде или „Страшо од Гранит“ или жена на возраст од околу 40 години.

„Палчо рече дека ќе ја набљудува жената и нејзините навики. Ни ја покажа и нејзината слика од друг телефон кој не беше поврзан со нашите“, рече обвинетиот.

Манев детално ја опиша и личноста на фотографијата што ја виделе пред грабнувањето.

„Многу наликуваше на детето – по висина, по боја на коса. Воопшто не личеше на дете таа што ја грабнавме, но бевме сигурни дека е таа по времето на излегување“, тврди тој.

Што се однесува до велешанецот Панче Жежовски, Манев рече дека тегот со кој бил прицврстен неговиот синџир можеби сè уште се наоѓа во земуницата, а самиот синџир му останал дома.

Обвинетиот, исто така, негираше дека лично слушнал разговор помеѓу Љупчо Палевски и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

„Александар првпат го видов на слика во полициска станица. Кажав дека Палевски разговарал со Сашко затоа што бев истрауматизиран од тепањето во затворот. Слушав како другите ги тепаат, а потоа дојде и мојот ред“, сведочеше Манев.

Судењето продолжува со нови сведочења, а јавноста очекува повеќе детали за овој случај кој ја потресе Македонија.

Извор: Локално

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ