Маричиќ: Должност ни е да дадеме шанса на преговорите со Бугарија

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во вечерашното гостување во „Топ тема“ на Телма рече дека во овој период „е направен максимум во разговорите со Бугарија и дека Владата нема да се откаже, без разлика на датумот на решавање на отворените прашања.
„Ние направивме максимум во овој период и тоа беше наша должност да дадеме шанса на овие разговори. Ние не се откажуваме од тоа и ниту пак некогаш се врзувавме за јуни, како пресуден датум, рече Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека Европската Унија е таа која, притисната од геостратешката ситуација, почна прва да го комуницира јуни како датум и комесарот Вархеји и офцицијалните портпароли на ЕУ.
„Тоа значи дека има некое чувство на ургентност во ЕУ меѓутоа ние немаме намера да направиме чекор, ниту да дозволиме да бидеме напаѓани за едно или друго, да направиме чекор кој ќе ги наруши нашите интереси“, рече Маричиќ истакнувајќи дека наш интерес е да ги почнеме преговорите, но не по секоја цена, односно да ги почнеме со фер договор кој нема да задира во нашето достоинство и идентитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателот на Бугарија стави вето на испораката…
Киев требаше да добие стари оклопни транспортери…
Србија обвини маж за шпионажа во корист…
Во српскиот град Босилеград е уапсено лице…
Бугарско МВР: Немаме информации дека Љупчо Палевски…
Љупчо Палевски – Палчо осомничениот организатор и извршител…
(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…
Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…
Авионот на Лавров ја заобиколил Бугарија
Дипломатскиот скандал се продлабочува поради учеството на…