Маричиќ: Ова ќе бидат најлесните уставни измени

t

Владата ќе биде таа што ќе иницира уставни измени кои и официјално се услов за комплетирање на воведната фаза, и отворање на првите поглавја од преговорите, потврди вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Останува неизвесно кога точно ќе почне процедурата за внесување на Бугарите и останати заедници во Преамбулата, но според Маричиќ, тоа нема да биде пред летните одмори, а мора да заврши најдоцна до крајот на скринингот. Владата, како што кажа, ќе работи да се создаде атмосфера за разумен политички дијалог во Собранието и со сите општетсвени фактори и експерти, наместо тензии како досега, за да се дојде до потребното двотретинско мнозинство.

-Ние се уште немаме утврден календар за уставни измени, но тоа е обврска која треба да ја завршиме најдоцна до крајот на скринингот. Внимателно ќе ги разгледаме околностите, атмосферата, дијалогот во Собранието. Целта е да завршат успешно…. Секако ќе биде по летните одмори. Тогаш ќе можеме да говориме за точен календар, изјави Маричиќ.

Процесот на скринингот, кој денеска го објаснуваше вицепремиерот, официјално почнува во септември, а треба да заврши до ноември следната година година, согласно временската рамка од ЕК. Тој ги претстави шесте кластери на преговарачки поглавја и појасни за секоја од нив какви се нашите обврски и начинот за нивно усвојување.

Маричиќ нагласи дека ова ќе бидат најлесните уставни измени од аспект на содржина, бидејќи нашиот Устав веќе овозможува спомнување на етнички заедници, за разлика од други Устави низ светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ: Има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се…

Ние имаме консензус за влез во ЕУ…

Османи: Уставните измени не се ризик за…

Министерот за надоврешни работи Бујар Османи смета…

И Турција ќе го менува Уставот: Според…

Во текот на изминатите 20 години, во…

Маричиќ: Ова ќе бидат најлесните уставни измени

Владата ќе биде таа што ќе иницира…

Тоа ќе остане: СДСМ за пет години…

Од денеска работат двете нови патарини на…