Маричиќ од Брисел: Ги добивме препораките за Кластер ,,Темели”
Заменик претседателот на Владата, Бојан Маричиќ, рече дека експертизата, препораките и советите кои ги слушнаа македонските работни групи од Европската комисија ќе бидат добар водич во подготовките за билатералниот скрининг во ова поглавје.
Маричиќ, на последниот објаснувачки состанок од Кластерот „Темели“ за Поглавјето 23, „Правосудство и фундаментални права“, рече дека експертизата, препораките и советите кои ги слушнаа македонските работни групи од Европската комисија ќе бидат добар водич во подготовките за билатералниот скрининг во ова поглавје.
-Институциите и администрацијата имаат мотивација, а Владата политичка волја за да продолжат реформите во правосудството и да обезбедиме за граѓаните судски систем кој ќе функционира по европски стандарди, напиша на својот Фејсбук профил главниот преговарач со ЕУ, Маричиќ.
Според Маричиќ напредокот во областа владеење на правото ќе биде јасен показател за текот на преговарачкиот процес и дека македонскиот преговарачки тим и тој, како поранешен министер за правда, одлично го знаат предизвикот кој ќе го имаат во ова поглавје.
-Направивме поместувања во функционирањето на правосудниот систем, но ова е област во која ќе имаме уште работа и која секогаш има простор за подобрување, вели Маричиќ.
Денес во Брисел со завршувањето на објаснувачкиот состанок за Поглавјето 23, „Правосудство и фундаментални права“, се заокружи објаснувачкиот скрининг за Кластер 1, „Темели“. Билатералните состаноци за поглавјата и областите од овој Кластер ќе се одржат во ноември и декември годинава.
Овој кластер важи за најважната област во процесот на преговори со Европската Унија, имајќи предвид дека содржи поглавја поврзани со демократските институции, владеењето на правото, политичките и економските критериуми, реформата на јавната администрација, јавните набавки, финансиската контрола и статистиката. Од постигнувањето на потребниот напредок во овој кластер ќе зависи отворањето на други кластери, објаснуваат од Секретаријат за европски прашања.
Скрининг процесот продолжува со објаснувачките состаноци за поглавјата од Кластер 2, „Внатрешен пазар“, кои започнуваат првата половина на месец октомври.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Температурите ќе скокнат, нов топлотен бран во…
Под влијание на многу топла воздушна маса…
Вреди: Гаши како втор човек во државата…
Коалицијата „Вреди“ смета дека нема никаква одговорност…
Блинкен: Испраќаме значителен пакет со многу потребна…
Американскиот шеф на дипломатијата Ентони Блинкен најави…
Малолетници тепале дете на Бит Пазар
Денеска (09.08.2024) во 01:30 часот во СВР…
Спасовски: Институциите да преземат мерки доколку навистина…
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер…