Маричиќ од Брисел: Секој отпор и воздржаност на ЕУ кон Западен Балкан дополнително ќе ја намалува атрактивноста на Унијата!

t

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој е во официјална посета на Брисел, оствари средби со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино, со в.д. директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела, а ќе разговара и со Симон Морду, главен советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Како што соопшти СЕП, на средбите со своите соговорници, Маричиќ порачал дека лидерите на ЕУ мора да го искористат овој историски момент и да одговорат на актуелната криза со официјализирање на европската перспектива на регионот.

Вистинско време, што мора да го искористиме за старт на преговорите на Унијата со Македонија и Албанија. Секој отпор и воздржаност на ЕУ кон Западен Балкан дополнително ќе ја намалува атрактивноста на Унијата и ќе го поткопува нејзиниот кредибилитет во регионот. Наша стратешка определба е членство во Европската Унија и би било добро годинава да се дефинира политиката на проширување, во насока на кредибилно партнерство и со поголема посветеност кон кандидатите и потенцијалните кандидати – посочи Маричиќ на средбата со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино.

Санино потврди дека Европската служба за надворешни работи ја цени нашата проевропска ориентација, а нашата земја, како и целиот регион, е стратешки партнер на Унијата.

На средбата со Симон Морду, главниот советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет, Маричиќ ја потенцирал важноста за натамошен поинтензивен ангажман и посветеност на ЕУ во овој момент на Западен Балкан, со што ќе се потврди стратешко партнерство на Македонија со Унијата и општо стабилноста на овој регион за Европа.

Маричиќ со в.д. директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување, Матуела, направил преглед на постигнатиот напредок на европската агенда, потенцирајќи го интензивното работење на Владата за исполнување на задачите и критериумите за почеток на преговорите, со посебна посветеност на европската реформска агенда, што е нотираат во сите меѓународни извештаи.

Западен Балкан не само географски туку и вредносно припаѓа на ЕУ и сите земји од регионот треба да станат членки на Унијата кога ќе ги исполнат условите за тоа. Ние одамна ги имаме исполнето и време е лидерите на ЕУ да покажат лидерство и да ја потврдат посветеноста на Унијата на Западен Балкан и неговата европска перспектива. Почетокот на преговорите со Македонија и Албанија ќе биде успех за целиот регион – изјавил Маричиќ на средбата со Матуела.

На средбите биле поздравени напорите на Македонија за спроведување на реформите и целосното усогласување на надворешната политика со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и дека нема промена во надворешнополитичкиот курс на ЕУ и дека Македонија е перципирана како полноправна членка на европското семејство.

Маричиќ утре агендата во Брисел ќе ја почне со брифинг на Работната група на Советот на Европската унија за Западен Балкан/Проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), на кој ќе информира за напредокот на земјата во реформите во насока на подготовка на земјата за почеток на преговорите за членство со ЕУ, по што ќе следи средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и со координаторот на ЕК за Македонија, Марк Јорна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина великанот на македонската архитектура Петар Муличковски

Еден од великаните на македонската архитектура Петар…

Русија ги намалува можностите за инвеститорите од…

Руската централна банка денеска објави серија мерки…

Украинската државна нуклеарна агенција тврди дека Русија…

Украинската државна нуклеарна агенција Енергоатом тврди дека…

ПОЖАРОТ КАЈ ФУРКА СЕ УШТЕ АКТИВЕН: Интервенираат…

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци,…

Почнува пријавувањето за субвенции за стари занаети…

Јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач,…