Маричиќ: Од исполнувањето на економските критериуми ќе зависи темпото на преговорите со ЕУ

t

Со формалното интегрирање на економските критериуми во кластерот „Темели“, исполнувањето на Копенхашките економски критериуми ќе биде меѓу главните политички приоритети во текот на пристапните преговори, изјави вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг состанок за економските критериуми.

– Ако се има предвид важноста на кластерот „Темели“ за динамиката на целиот преговарачки процес, тогаш е сосема јасно дека економските критериуми ќе бидат меѓу клучните области што ќе го одредуваат целокупното темпо на преговорите, рече Маричиќ на состанокот.

Според него, формалното интегрирање на Економските критериуми во кластерот Темели само ја нагласува важноста на економското управување и потребата од негово зајакнување со цел да се избегне ризикот на земјата да има макроекономска нерамнотежа по влезот во ЕУ.

Во своето обраќање, вицепремиерот Маричиќ се осврна и на досега сработеното, потенцирајќи дека земјава досега има поднесено осум програми за економски реформи, а според оценките на Европската комисија, има подобрување на квалитетот и на документите во целост и на економскиот дијалог.

– Ова ги одразува постојаните напори што ги вложуваме за зајакнување на нашите институционални капацитети за подобра координација на економските политики и подготовка за идното учество во процесот на Европскиот семестар, истакна Маричиќ.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, новата методологија за проширување на ЕУ од 2020 година, првпат ги става економските критериуми во првите редови на процесот на пристапување кон ЕУ, односно во првиот кластер „Темели“. Покрај економските критериуми, кластерот „Темели“ првпат, како дел од пристапните преговори ги вклучува и функционирањето на демократските институции и реформата на јавната администрација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…