Маричиќ ја кани опозицијата да учествува во формулирање на амандманите за уставни измени

„Во наредните денови ќе објавиме кои имиња ќе ги поканиме во експертската група за уставните измени. Ќе испратиме и писма до сите политички партии во Собранието да номинираат експерти или личности на кои им веруваат да бидат во таа комисија. Сакаме да покажеме дека нема што да криеме и дека нема тајни клаузули“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде Владата е подготвена опозицијата да ги формулира уставните амандмани, како што тие мислат дека треба во согласност со преговарачката рамка, за да стекнат доверба во процесот дека нема ништо тајно.
„Мене ми е жал што опозицијата не се вклучува во делот за реформите, кога не сакаат за уставните измени. Ќе разговараме за патоказите, таму имаме можност и потреба од инпут, знаење и политичко мислење за приоритетите и законите што треба да ги направиме. Треба да изградиме став по некои прашања кои ќе ни бидат реформска задача во следните седум години, без разлика кој е власт или опозиција“ рече Маричиќ.
Тој додаде дека нема да има изненадувања во експертската група која ќе ги подготвува амандманите за уставните измени и дека секој е важен и треба да биде вклучен во процесот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коалицијата СДС и ДПМНЕ здружено изгласа план…
Коалицијата меѓу СДСМ и ДПМНЕ перфектно функционира…
Груевски го нокаутураше Мицкоски: Наместо да го…
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола…
МИЦКОСКИ ВЛЕЗЕ ВО ВОЈНА СО ГРУЕВСКИ: “Панорама…
Ботовите на "дувлото" денеска "кавилтетно" ја заработуваат…
8 години молчат по наредба: Прво Левица…
Социјалните мрежи вријат откако Христијан Мицкоски го…
Кој рано рани, два тендери граби: Три…
Кој рано рани, два тендери граби, или…