Објавено на:

Масакар во САД: Полицијата пронајде пет мртви тела во куќа

t

Полицијата вчера пронашла тела на пет лица и мртво куче во куќа во американската сојузна држава Минесота.

Причината за смртта засега е непозната, но се чини дека се членови на исто семејство, соопшти полициската станица Дулут.

„Меѓу загинатите се и осомничените“, изјави портпаролката на полицијата Кејт Ван Дејле, цитирана од NBC News.

Полицијата соопштила дека добила предупредување од друга полициска агенција за лице кое има пристап до куќата и поседува оружје. Станува збор за станбена зграда северно од центарот на Дулут. При претресот полицијата пронашла пет тела и едно мртво куче.

Мајк Тускен, шеф на полициската станица Дулут, на прес-конференција изјавил дека тоа е „незамислива трагедија што ја погоди заедницата“.

Извор: Канал 5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД свечено ја отвори постојаната воена база…

Американските копнени сили денеска ја добија својата…

САД ја поздравуваат нормализацијата на односите меѓу…

 Портпаролката на Советот за национална безбедност на…

Медведев за соборувањето на американскиот дрон: Американците…

Поранешниот руски претседател и актуелен втор човек…

Како САД и светот за 72 часа…

Беше петок наутро, а бран на јавна…

Рускиот и американскиот министер за одбрана заклучија:…

Министрите за одбрана на Русија и САД, Сергеј…