Маск ќе го револуционализира Твитер – Слободата на говор е темел на функционална демократија!

t

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, постигна согласност за купување на компанијата „Твитер“ во зделка вредна 44 милијарди долари, со што ќе стекне контрола врз социјалната мрежа, објавија светските медиуми.

– Слободата на говорот е темелот на функционалната демократија и Твитер е дигиталниот плоштад каде што се дискутира за прашањата од витално значење за иднината на човештвото – порача Маск, чие богатство се проценува на 264,6 милијарди долари, преку соопштение.

Извршниот директор на компанијата „Тесла“ претходно истакна дека сака да го купи и приватизира „Твитер“ бидејќи смета оти компанијата не го остварува потенцијалот како платформа за слободен говор.

Маск во заедничкото соопштение со „Твитер“ порача дека сака да го направи сервисот „подобар отколку кога било досега“ со воведување нови можности, вклучувајќи го отстранувањето на „ботовите“ и правејќи ги алгоритмите на Твитер отворени за јавноста со цел за зголемување на довербата во социјалната мрежа.

По објавата за купувањето на „Твитер“ од страна на Маск, акциите на компанијата пораснаа за шест отсто. Зделката беше одобрена од одборот на „Твитер“, со што за неа треба да гласаат акционерите.

Твитер се стекна со влијание како платформа на која се огласуваат политичарите, јавните личности и активистите. Иако е десетпати помала социјална мрежа од Фејсбук, Твитер се смета за заслужен за поттикнување на арапската пролет во 2011 година, како и за упадот во Конгресот на САД во јануари 2021 година.

Извор: Вечер

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Толку од слободата на говор? Твитер им…

Профилите на „Твитер“ што припаѓаат на неколку…

(Фото) Маск ги претвори канцелариите на вработените…

Поранешен вработен во „Твитер“ изјави дека новиот…

Маск ги стави вработените во Твитер во…

Новиот сопственик на „Твитер“, Елон Маск, ги…

Зукерберг го “следи” Маск: Мета отпушта илјадници…

Компанијата „Мета платформс“ од денеска почнува со…

Бајден удри по Маск: Твитер шири лаги…

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги критикуваше Твитер…