Објавено на:

Масовен штрајк во Белгија поради зголемените животни трошоци

t

Штрајкот во Белгија, што се одржува поради зголемените животни трошоци, го принуди бриселскиот аеродром денеска да ги откаже сите патнички летови, а автобуските линии се прекинати во дел од земјата.

Синдикатите соопштија дека очекуваат десетици илјади луѓе да протестираат во Брисел. Возовите сообраќаат, но делумно за да им овозможат на демонстрантите да се соберат во главниот град на Белгија.


Аеродромот во Брисел соопшти дека не може да дозволи полетување на патнички летови бидејќи штрајкуваат и припадниците на обезбедувањето. Локалниот јавен превоз обезбедува минимални услуги.

Инфлацијата во Белгија достигна девет проценти во јуни и е одраз на наглото зголемување на цените насекаде, главно поради тоа што руската инвазија на Украина го погоди снабдувањето со жито и предизвика зголемување на цените на енергијата.

Премиерот Александар Де Кро рече дека белгиските работници се подобро заштитени од работниците во повеќето други земји од Европската унија, бидејќи платите се индексирани според инфлацијата.

Де Кро изјави за јавниот радиодифузен сервис РТБФ дека владата ги продолжила мерките за намалување на даноците на продажбата на гас, електрична енергија и гориво до крајот на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа во Чаир: Повреден е…

Вчера во 06.40 часот во СВР Скопје…

ЦУК информира: Еве на кои планини нема…

Низ парк шумата Водно или низ нашите…

Брнабиќ: Приштина продолжува да се изживува со…

Премиерката Ана Брнабиќ рече дека последните одлуки…

ЕУ и НАТО ја поддржуваат одлуката на…

На позадината на хистеричната ситуација, подгреана од…

Георгиевски: Не сме го виделе францускиот предлог,…

Претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски пред почетокот на средбата…