Машала: И Љутков има стан во Бугарија, еве каде е и колку чини

t

Министерот за култура, Зоран Љутков има четири градежни изградени земјишта и еден стан во Бугарија, покажува анкетниот лист кој Љутков го доставил до Државната комисија за спречување на корупцијата.

Од недвижен имот Љутков пријавил градежно изградено земјиште купено во 2013 година во Карпош, уште едно градежно изградено земјиште во Карпош во кое има една третина врз основ на наследство во 2023 година, кое е имот на брачен другар.

Во анкетниот лист Љутков пријавил и две градежни изградени земјишта, исто така во сопственост на неговата сопруга стекнати врз основ на наследство.

Љутков во 2021 година купил стан во Бугарија во вредност од 1.116.000 денари во Банско со површина од 45 метри квадратни.

Љутков пријавил и автомобил од 500.000 денари и банкарски депозити за кои не ставил вредност.

Министерот пријавил и кредит од речиси 2,7 милиони денари и лични приходи од по 60.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДКСК загрижена поради предложените измени на Законот…

Државната комисија за спречување на корупцијата изразува…

ДКСК примила претставка за директорката на АР…

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)…

ДКСК се уште постапува по пријавите за…

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)…

ДКСК го блокира назначувањето на нови членови…

Антикорупциската комисија донела одлука да се стават…

Од Антикорупциска велат дека тие не се…

Постапувањето на Државната комисија за спречување на…