Мајмунските сипаници стасаа кај сосдеите- Прв случај на мпокс потврден во Косово

t

Националниот институт за јавно здравје на Косово (НИЈЗК) соопшти дека Лабораторијата за микробиологија го потврди првиот увезен случај на мпокс (поранешно име: мајмунски сипаници).

Случајот се однесува на маж (30 години), државјанин на Косово, кој беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести на УКЦК на 24.12.2024, по враќањето од западноафриканска земја, со симптоми како треска, осип на кожата на лицето и рацете и чешање – соопшти НИЈЗК. Пациентот е во стабилна здравствена состојба, се додава во соопштението.

НИЈЗК ги следеше сите контакти на пациентот и членовите на неговото семејство, на кои им беа дадени препораки за превентивни мерки и контрола на инфекцијата, изјавија од Институтот.

НИЈЗК ги предупредува граѓаните на внимателност, истакнувајќи дека заболените од Mpox обично имаат лесни до умерени симптоми кои траат од две до четири недели и целосно се опоравуваат.

Иако е потребна претпазливост, нема причина за паника, порачаа од Институтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кавадарчанки се степале на игралиште

Кавадарчанка пријавила физички напад од сограѓанка на…

Заменик-градоначалникот на Прилеп гради дивоградба, уништува споменик…

Заменик-градоначалникот на Прилеп гради дивоградба, уништува споменик…

ВМРО-ДПМНЕ, кој и зошто? На никого не…

ВМРО-ДПМНЕ, кој и зошто? Насловот на колумната…

Шукова: Мора да има кривична одговорност за…

СДСМ го осуди најновиот еколошки инцидент во…

Дождливо време до четврток, стабилизација од петок

До четврток ќе се задржи променливо облачно…