МВР и персоналот на Амбасадата на САД утре со заедничка вежба за справување во вонредна ситуација

t

Припадниците на Министерството за внатрешни работи утре ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје.

Вежбата ќе се изведува во Амбасадата на САД. Од МВР соопштија дека како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје.

Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затварање на крстосницата во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот.

-Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Амбасадата на САД при преземање активности за справување со кризни ситуации, се наведува во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија загуби легенда: Почина познатиот актер Димче…

Збогум Димче Мешковски Во „Викенд на мртовци“…

Битиќи за ТВ Стар: Во 2023 ќе…

Тековната 2023 година ќе ја преполовиме инфлацијата,…

Општина Карпош ќе доделува субвенции за купување…

Со вкупен фонд од 700.000 денари кои…

Шефот на „Вагнер“ ја предупредува Москва: „Почнува…

Евгениј Пригожин го предупреди рускиот министер за…

ИМ СОБРАЛЕ ПАРИ ВЕТУВАЈЌИ ИМ ГЕРМАНСКИ ВИЗИ:…

Двете се задржани во Полициската станица Гостивар…