МВР не запре: 940 казни за едно деноноќие

t

Во текот на вчерашниот ден (11.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 938 возачи.

„Од нив 57 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 553 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 385 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, се наведува во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобилот на синот на заменикот-министер во МВР…

Пролетта кога беше ограбена фабриката за марихуана…

Акција на МВР: Доцна во ноќта приведен…

 Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција…

МВР со полни раце работа: 154 санкции…

 Во текот на вчерашниот ден (26.11.2022) продолжија…

Да не ги мислите: Полицијата е фокусирана…

Полицијата е фокусирана на пронаоѓање на сторителите,…

Спасовски: Полицијата стана една од најтранспарентните институции…

Полицијата стана една од најтранспарентните институции, со…