МВР не запре: 940 казни за едно деноноќие

t

Во текот на вчерашниот ден (11.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 938 возачи.

„Од нив 57 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 553 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 385 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, се наведува во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запленети половина тон тутун за наргиле и…

Во заедничка акција на инспектори од Секторот…

Македонското и бугарското МВР на заеднички состанок…

Бугарските медиуми попладнево објавија дека тамошниот технички…

Најмладиот има 24, најстариот 32 години: МВР…

На 26.01.2023 Националната единица за сузбивање на…

Спасовски апелира да не се блокираат патишта…

Нема никаква потреба од какво било организирање…

Дигитална трансформација: Владата го прифати предлогот на…

 Владата на денешната 121 седница одлучи да…