МВР: Пет пријави за семејно насилство, двајца уапсени
МВР информира дека вчера попладне во 12:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека во саботата околу 19:30 часот во домот во скопско, нејзиниот сопруг Р.Ј.(47) и се заканувал. Со него бил извршен службен разговор во Полициската станица Кисела Вода.
Синоќа во 21:50 часот во СВР Тетово, 60-годишен жител на Тетово пријавил дека истиот ден околу 16:30 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ бил физички нападнат од неговиот син Е.М.(34).
Денеска, пак, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.Б.(46) од Битола затоа што во семејниот дом во битолско физички ја нападнал неговата сопруга.
Од МВР објавија дека вчера во 16:25 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.Б.(31) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека на булевар „Туристичка“ во Охрид физички ја нападнал неговата сопруга.
Во ОВР Струга вчера е извршен службен разговор со В.С.(40) од струшко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот малолетен син.
Додека, пак, рано утринава во 00:03 часот во ОВР Струга, В.С. пријавил дека неговата сопруга Н.С.(41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа.
По овластување на јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на ул. „Владо Малески“ ги затекнале децата како спијат. Децата се предадени на таткото В.С..
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР: Пет пријави за семејно насилство, двајца…
МВР информира дека вчера попладне во 12:30…
Предлог законот за заштита од пушење го…
Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои…
(Видео) Рама објави бизарно видео направено со…
Албанскиот премиер Еди Рама наместо да ги…
Експлицитни фотографии од малолетничка од Скопје споделувани…
Експлицитни фотографии од малолетничка биле споделувани на…
Мицкоски пред средбата Сиљановска-Јотова во Софија: Односите…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не сака…