МВР потврди: Уапсен член на обезбедувањето на Мицкоски за оддавање службена тајна!

На 30.03.2025, по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес.
При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода.
Во рамки на акцијата, дополнително се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата.
Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од министерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ.
Од страна на ОВККИПС до ОЈО ГОКК на 31.03.2025 година ќе биде поднесена кривична пријава против А. С., за кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, се вели во соопштението на МВР.
Сепак за потврда на информациите Инфомакс чекаше повеќе од два часа, а во полициското соопштение не се споменува активноста на Самараков како дел од личното обезбедување на премиерот. Овој настана не беше објавен ниту во редовниот полициски билтен туку и беше соопштен на јавноста по прашањето на Инфомакс што значи дека постоел обид истиот да биде прикриен. Има уште еден дел кој не се согласува со информациите кои ги има Инфомакс, а тоа е дека полицијата била во шок кога го видела полицискиот службеник од тимот на Мицкоски на средба со членови на криминалната група од Грчец. Иако во соопштението се вели дека обезбедувањето на премиерот било фатено во кривично дело како резултат на акцијата на внатрешна контрола, сепак информациите на Инфомакс говорат дека следено било лицето со кое се сретнал полицискиот службеник па така бил фатен кртот во рамките на МВР. Во спротивно Самараков ќе работел и натаму против државата и кој знае до какви се документи немало да се докопа. Прашањето кое останува е дали Самараков работел сам или по нечија наредба.Детали за случајот прочитајте тука:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…