МВР распиша меѓународна потерница по ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски

t

Министерството за внатрешни работи ја објави меѓународната потерница за поранешниот директор на државната компанија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски – еден од осомничените во случајот „Адитив“.

Потерницата е објавена на веб-страницата на МВР, веднаш над онаа за поранешниот вицепремиер, Артан Груби, кој пак се бара за криминал во Државна Лотарија.

На Ковачевски одреден му е осумдневен притвор, мерка кој ќе се активира откако ќе биде пронајден.

Во акцијата „Адитив“, осомничени се 23 лица, од кои дел се поранешни директори на државната компанија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) И покрај сите притисоци прилепчани и…

Прилепчани, пред се младите луѓе во Прилеп…

Драма пред седиштето на ЦИА: Маж почнал…

Во моментов има опасна ситуација пред седиштето…

„Мислев дека нема да преживеам“: Приказна на…

Повеќе од половина час им требало на…

Судот одлучи: ПРИТВОР ЗА СИТЕ СЕДУМ ПОЛИЦАЈЦИ…

Судии на претходна постапка при Основниот кривичен…

Министерство за здравство со најнови информации за…

Министерството за здравство информира за состојбата на…