МВР “тресеше” во Велес: Пронајдена дрога, уапсени тројца дилери!

t

Полициски службеници од СВР Велес вчера во периодот од 12:10 до 17:50 часот, на улиците „Христо Тататрчев“ и „11 Октомври“, ги лишиле од слобода Т.Б.(36), Б.П.(36) и Т.Џ.(36) од Велес.

Во домовите на Т.Б. и Б.П., биле извршени претреси со судска наредба. Притоа, во домот на Т.Б. биле пронајдени и одземени три пакувања со марихуана и дигитална вага, а во домот на Б.П. била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. Додека, при преглед кај Т.Џ. било пронајдено и одземено едно пакување со марихуана – информираат од МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акција на МВР: Скопјанец чувал еден килограм…

38-годишен скопјанец е уапсен денеска откако во…

Акциска контрола на МВР во угостителски објекти:…

Ноќва (19.03.2023) во периодот од 00.00 до…

Акциска контрола на МВР: Казина во Прилеп,…

При спроведена контрола од страна на припадници…

Акција на МВР: Пронајдена дрога на Бит…

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија…