Објавено на:

МВР фати крадец на дело: Осомничен е за кражба на уметнички дела

t

Рано утрово во 02.00 часот на бул.„Партизански одреди” полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(33) од Скопје.  Тој бил затекнат при обид за извршување на „тешка кражба” во куќа на подрачјето на Центар и го признал делото.

Притоа кај него е пронајден предмет кој што потекнува од кривични дела „тешка кражба” пријавени на 27.06.2022 во Полициската станица Центар, а извршени во периодот од 25 до 27.06.2022, при што од книжарница на ул.„Ѓуро Стругар” во Скопје биле одземени повеќе уметнички слики.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Центар за понатамошна постапка, а за случајот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма на “Бит Пазар”: Тигрите апсеа вооружен…

На 02.08.2022 на подрачје на Бит Пазар,…

Жена искршила кафана во Гостивар

Ноќва во 01.20 часот во Трговски центар…

Пукање во угостителски објект во Скопје

На 24.07.2022 околу 20.30 часот во СВР…

Прво се испокарале, па скопјанка нападнала нејзин…

Скопјанка нападнала свој сограѓанин со тврд предмет,…

Филмски грабеж во Куманово: Му украле повеќе…

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за…