Објавено на:

Медведев: Америка отсекогаш ги напуштала своите пријатели – иста судбина ја чека Украина

t

Америка порано или подоцна ќе престане да му помага на Киев, бидејќи Америка отсекогаш ги напуштала своите пријатели, смета заменик-претседателот на Советот на федерацијата на Русија, Дмитриј Медведев.

„Обичните Американци постепено ќе почнат да се свртуваат кон реалноста. „Тој ефект ќе се акумулира додека Конгресот не престане со својата несовесна поддршка на националистичкиот режим во Украина“, рече Медведев.

Истовремено, тој потсети дека американските конгресмени бараат да се провери каде завршила огромната сума на пари што била испратена како помош за Украина.

„Почна… Прашањето за парите доделени за Украина станува токсично во САД. Конгресмените бараат целосни проверки каде завршиле огромните суми и каде ќе завршат новите десетици милијарди што ги бара Бајден, кој на Капитол Хил соодветно беше наречен потпретседател на Украина. Беше неизбежно, такви се законите на политичкиот жанр. Републиканците, кои станаа посилни по изборите, креваат голема прашина против демократите и тие возвраќаат“, рече Медведев.

Сепак, според неговото мислење, САД ќе продолжат да издвојуваат огромни суми пари за милитаризација на украинскиот режим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ги притискаат и Србија и Косово:…

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска…

Стоечки овации на говорот на Зеленски во…

Со стоечки овации беше поздравен говорот на…

Експерти за дезинформации во канцелариите на ЕУ…

Повеќето од неодамнешните кампањи на Русија се…

(Видео) Володимир Зеленски пристигна во Лондон: Планирана…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е во…

Протераниот Медведчук: Зеленски е казна за Украина…

Володимир Зеленски е казна за Украина и…