Медведев не се шегувал: Гасот уште утрово со нови прескапи цени во Европа

t

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека гасот во Европа ќе чини 2.000 евра поради суспензијата на сертификатот за „Северен тек 2“.

Цената на гасот во Европа денес се искачи над 960 долари за 1.000 кубни метри, првпат од 14 февруари, покажуваат податоците на лондонската берза „ICE“.


Цената на гасот од почетокот на годинава поскапе за околу 2,8 отсто.

Медведев вчера поради прекин на сертификацијата на гасоводот „Северен тек 2“ се огласи на социјалната мрежа Твитер.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека гасот во Европа ќе чини 2.000 евра поради суспензијата на сертификатот за „Северен тек 2“.

– Германскиот канцелар Олаф Шолц побара да се прекине сертификацијата на гасоводот „Северен тек 2“. Добредојдовте во новиот свет каде Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за илјада кубни метри гас – напиша Медведев на Твитер.

Да потсетиме, германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека проектот за гасоводот „Северен тек 2“ не може да продолжи во овие кризни околности, а Западот почна да презема казнени мерки против Москва поради украинската криза. Тој рече дека процесот на одобрување на гасоводот е стопиран поради ситуацијата во Украина и рускиот потег со признавањето на сепаратистичките републики Доњецк и Луганск.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седум држави формираат заеднички систем за размена…

САД, Јапонија, Канада, Јужна Кореја, Тајван, Филипини…

Институтот за војна: Неспособноста на Русите доаѓа…

Институтот за војна објави нова анализа и мапа на…

Убиени 150 украински војници, уништени воени упоришта…

Брифинг на руското Министерство за одбрана (15.05.2022)…

Русија ќе распореди дополнителна војска на границата…

Доколку Финска се приклучи на НАТО и…

Захарова: Русија ќе одговори на СИТЕ чекори…

Русија нема да ги остави без одговор…